512
Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска во Специјалното јавно обвинителство имаа средба со обвинителката Катица Јанева и нејзините соработници.
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја информирал обвинителката Јанева за случајот на новинарот Зоран Божиновски, кој два месеца е во притвор затоа што Јавното обвинителство го осомничи за разни кривични дела. Божиновски во април беше екстрадиран од Србија и до сега против него нема формално обвинение.
Селмани побарал од Јанева да го превземе одвоениот предмет на новинарот Божиновски од обвинителството за организиран криминал, поради неговата поврзаност со предметот „Шпион“, врз кој СЈО веќе има воспоставено надлежност.