ЗНМ денеска реагираше на отпуштањата во МПМ за кои вели дека се смислен удар врз професионалното новинарство и слободата на медиумите.
-По смената на главниот уредник Горан Михајловски, со новите откази, менаџментот се пресметува со новинарите основачи на весникот кои не дозволуваат да се злоупотреби новинарството заради интересите на власта. Откако новиот уреднички тим не успеа да го искористи старото руво на Вест за да се протурат ставови на власта, менаџментот се реши да го умртви весникот. Со откази менаџментот на компанијата не ги решава причините на кризата. Тие не треба да ги бараат кај основачите на весникот, кои од Вест направија најчитан весник во Македонија, туку во новата уредувачка политика, која весникот го претвори во навивач на власта, се вели во реакцијата.
Од ЗНМ додаваат дека МПМ е типичен пример како медиумите се користат како монета за поткусурување за задоволување на интересите на нивните сопственици и власта.