Иванов: Постои опасност од терористички напади во Македонија

by fokus

-Постојат ризик фактори за терористички напади на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија – предупреди денеска претседателот на државата Ѓорге Иванов, при посетата на јужната граница.

Иванов информира дека во државата има 86 повратници од боиштата во Сирија и Ирак, но вели оти многу е тешко сите да се уапсат, доколку за нив нема цврсти докази.

-Безбедносните служби во земјава работат ефикасно, но, кога зборуваме за терористички напади мора да се каже дека станува збор за поединечни акти и никој не може да предвиди кога и каде ќе се случат. Гледаме дека и земји како Франција, Белгија и Германија не можат да се справат со нив – вели Иванов, дополнувајќи оти никој не може со сигурност да гарантира дека меѓу мигрантите не се кријат и терористи.

Поврзани новости