ЗНМ ја осуди објавата на новинарот Златев кон Фетаи на Фејсбук

by fokus

Новинарите имаат многу поголема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, било тоа да е преку медиумите или социјалните мрежи, велат од ЗНМ.

Од утре Фатиме Фетаи повторно ќе се буди со песната на ранобудниот петел од Боговиње.Повторно ќе се врати во…

Publiée par Ljupcho Zlatev sur Dimanche 15 septembre 2019

„Оттаму објавата на новинарот Љупчо Златев објавена на социјалната мрежа Фејсбук во која вели дека Обвинителката Фетаи „Нема да може ни да пие од тага, затоа што таму во Боговиње за пиење жените ги тепаат..“, може да се смета дека  поттикнува дискриминација и нетрпеливост врз основа на пол и национална, односно етничка припадност.

Оваа непримерна комуникација не е во согласност со Етичкиот кодексот на новинари каде во членот 10 се вели: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка)“, додаваат од ЗНМ.

Поврзани новости