579
Фоторепортерката Маја Златевска од весникот „Дневник“, Огнен Теофиловски од „Вест“ и Ѓорги Личовски од „Сакам да кажам“ победија на конкурсот на Здружението на новинари на Македонија за најдобри фотографии на тема „Бегалски бран во 2015“.
Наградите беа доделени синоќа на свеченост во Музејот на Македонија, каде беше поставена и изложба со најдобрите 50 фотографии на конкурсот.
Фотографиите прикажуваат искуста на бегалците, мигрантите и барателите на азил. Треба да придонесат за запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со бегалците.