Ад хок телото се прогласи за ненадлежно за порталите

by fokus

Членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница решија дека не се надлежни да го набљудуваат известувањето на интернет порталите, откако такво барање беше упатено од партијата СДСМ која побара реакција, пренесува А1Он.

Членовите на Привремената комисија, која и досега не постапувала по известувањето на интернет порталите, оценија дека таа пракса ќе продолжи и во иднина, и дека работата на порталите нема да се набљудува, а дека за евентуални прекршувања на членот 69-а кој се однесува водење на изборната кампања е надлежна Државната изборна комисија.

Во Привремената комисија не беше постигната согласност за барањето на телевизија Телма да се прецизира ставот на Комисијата во врска со објавувањето рекламни кампањи на невладини организации.

Поврзани новости