699
Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело денеска му беше доделена на долгогодишниот новинар Александар Чомовски, по повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
Наградата „Јашар Еребара“ за годишно истражувачко новинарство пак, ја поделија новинарите Христина Ѓорѓиевска за сторијата „Заробените бели дробови на градот“ објавена на дигиталната платформа „Види Вака“ и Јасмина Јакимова, Бојан Шашевски, Емилија Петреска и Даниел Евросимоски за сторијата во две продолженија „По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави” и „Недопирливите убијци на балканскиот рис”, објавена на „Радио Моф“.
Фото – ЗНМ