ЗНМ: Ескалира насилството против новинари

by Фокус

И Здружението на новинари на Македонија го осуди нападот врз Саше Ивановски, од каде што истакнуваат дека се серизоно загрижени  од ескалацијата на насилство против новинари.

„Нападот на Ивановски е најсериозен од низата напади против новинари, кој можел да има фатални последици. Насилниците имаат за цел да внесат страв и несигурност меѓу новинарите и да ја ограничат слобода на изразувањето. Силно го осудуваме овој хулигански чин и бараме веднаш да престанат ваквите оркестрирани напади против новинарите. Ја предупредуваме домашната и странска јавност дека животот на новинарите во Македонија е сериозно зaгрoзен“, се вели во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ бара од Обединетите нации, Европската Унија, Американската влада, Советот на Европа и ОБСЕ веднаш да интервенираат кај македонската влада за да се обезбеди сигурност на македонските новинари и да се престане со практиката на неказнување на насилство против новинари, кое може да доведе до трагични последици.

„ЗНМ од 2011 година до сега регистрираше 19 физички напади против новинари и досега ниеден од нив нема судска разрешница, додаваат од здружението на новинари на Македонија.

Ивановски синоќа беше нападнат и повреден од двајца маскирани напаѓачи, кои го удирале со метални шипки.

Поврзани новости