Здружението на Новинари на Македонија денеска ќе избира нов претседател, а како единствен кандидат засега за оваа функција е актуелниот лидер Насер Селмани. Освен претседател, ЗНМ ќе избира и нови членови на управниот одбор, членови на надзорен одбор и членови на совет на чест.
За време на редовното годишно собрание и во текот на денот можат да се пријават други кандидати, а за Претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку десет редовни членови.
Статутот на Здружението предвидува претседателот на ЗНМ да се избира помеѓу најмалку двајца предложени кандидати, но во случај во текот на изборната постапка и гласањето, од кои било причини да остане само еден кандидат, неговиот избор се врши со двотретинско мнозинство од присустните.