Нухиу: Петмина вработени во МВР се заразени со корона вирусот, ризична е станицата во Петровец

by fokus

Петмина вработени во МВР се заразани со корона вирус, објави денеска заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил.

Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“.

-Ковид-19 почна да го погодува Министерството за внатрешни работи. Потврдено е дека имаме петмина вработени во полицијата, а во полициската станица „Петровец“ постои можна опасност! Ги повикуваме вработените во полицијата да ја зголемат грижата за време на справувањето со создадената ситуација, напиша Нухиу.

Поврзани новости