845
Партијата на Максим Димитриевски, градоначаланик на Куманово, „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“ вечерва се промовира во Скопје со потпишување на Иницијативата за формирање нов субјект.
Идеен творец на граѓанското движење е градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а се очекува потпис на иницијативата да стават претставници на сите 10 граѓански здруженија од земјава.
-Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните, и да се стави целосно во служба на Македонија, се вели во поканата на Димитриевски.
Тој информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект.