500
Директорот на РКЕ, Марко Бислимовски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 говореше за состојбата со цените на електричната енергија во земјава и најавеното поскапување на истата.
Како што истакна тој, граѓаните на Македонија ќе мора да се прилагодат на состојбите кои ги наметнува кризата по воениот конфликт во Украина.
„Јас знам дека луѓето се лутат кога ќе им кажам дека треба да се штеди. Таква е ситуацијата и мора да се прилагодиме според состојбата моментална“, кратко порача Бислимовски.