Историските прашања не се дел од преговарачката рамка во новиот предлог, вели Ковачевски

by fokus 21:03
21:03

Премиерот Димитар Ковачевски на вечерашната прес концереција по повод пристигнувањето на модифицираниот предлог од Франција за кревање на ветото од Бугарија рече дека историските прашања, односно протоколот не е дел од новиот предлог.

-Во однос на ставовите во Бугарија, знаете дека тие веќе имаа процес во нивните институции. Со оглед на тоа што нашите забелешки се внесени во новиот предлог, сега кај нас може да почне тој консултативен процес.
Едно од нашите барања беше дека историките прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка. И тоа е вклучено во овој предлог. Протоколот нема да биде дел од преговачката рамка.
Сите детали од предлогот ќе бидат презентирани утре, најави Ковачевски.

 

Поврзани новости