Значително затоплување на времето во следните денови

by Fokus

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено денеска и кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика топење на снежната покривка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и в среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од минус четири до шест степени, а максималните од 10 до 20 степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, со дневна температура до 19 степени.

Поврзани новости