Заев за бегството на Мијалков: Нема политички договор

by Fokus

Премиерот Зоран Заев тврди дека нема никаков политички договор со Мијалков, а за тоа говори тоа што процесот против него за случајот со прислушувањата е пред изрекување пресуда.

Апсолутно нема политички договор, рече Заев, додавајќи дека е среќен што како извршна власт обезбедиле услови во време, како што потенцира, по режим и грабеж на државата, да се организира јавен процес кој финишира.

-Тој правен процес очекувам седмицава да финишира. Веќе е најавена казна, веројатно заради јавните седници кои се отворени и јавно презентирани и тоа е причината зошто Мијалков не е најден дома, рече Заев.

Поврзани новости