Значајно намалување на криминалот откако се воведе полицискиот час

by fokus

Бројот на кривични дела е значајно намален откако се воведе ограничување на движењето.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека кај кривично дело тешка кражба забележан е пад од 45 отсто. Кривичното дело измама е намалено за 60 до 65 отсто.

Исто така, намален е и бројот на сообраќајни незгоди, а сообраќајните незгоди со тешки последници се намалени за 50 отсто.

 

Поврзани новости