Специјалното јавно обвинителство продолжува да работи со полна пареа. Како што јавува Мета од понеделник на распит ќе бидат свикани „значајни личности”.
Од таму не откриваат имиња на функционери кои се свикани како сведоци или осомничени, поради тајноста на предистражната постапка.
Оваа недела повеќемина сегашни и поранешни функционери седнаа пред истражителските клупи.
Пред тимот на Јанева се појавија лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Силвана Бонева која е член на ДИК од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, првиот човек на ПЦЕР Самка Ибраимовски и Арифхикмет Џемаили, кој како кадар на ДПА беше министер за култура од 2006 до 2008.
Претходно пак, пред специјалните обвинители се појавија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска и Тони Јакимовски, поранешен прв човек на кабинетот на Сашо Мијалков.
Инаку, Катица Јанева пред десетина дена најави дека „во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на лица“ во СЈО.