Кочанец во напуштен објект чува голема група на кучиња, меѓутоа ги изгладнува, ги остава без вода и животните преку ноќ исчезнуваат и им се губи секоја трага, реагираше денеска здружението „Анима мунди“ кое, пак, се повикува на истрагата на „Втора Шанса“ од Кочани.
Како што јавува „Анима мунди“ во објектот има тела на мртви кучиња -распаднати лешови, расфрлани екстремитети.
„Во објектот се воочуваат празни шишиња пиво, но и бројни, искористени кондоми. Постојат и оправдливи индиции дека кучињата се сексуално злоставувани, а потоа и убивани од лице кое за овој случај е пријавено и е познато на полицијата, но никој никогаш не превзел ништо“, велат од здружението.
Злосторникот повеќе пати бил пријавуван во полиција, меѓутоа немало реакција, полицајците одговарале дека човекот имал ментална болест и затоа не можеле да преземат ништо.
Со цел теророт над животните да запре, „Анима мунди“ бараа темелна истрага и најстрога казна за сторителот.