Ѕинго: Македонија цвета!

by fokus

Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја стартуваше изборната кампања во Охрид. На митингот присутни се сите повисоки членови од раководството на партијата.

На сцената предмалку се обрати претседател на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов – Ѕинго.

Тој зборуваше дека граѓаните биле свесни дека државата цвета и дека никогаш не било подобро место за живеење. Ѕинго говореше за  „најголемиот реформатор – Никола Груевски”, кој го споредуваше со повеќе светски револуционерни политичари.

-Oд една страна имаме човек кој со политика на Ганди носи живот во Македонија, а од друга страна има еден лажго. Никола Тесла еднаш рекол: Не ми е криво што ми ги крадете идеите криво ми е што немате свои. Сега, на митинзи ќе ветуваат се и сешто. Ако власта направила вака ние ќе направиме дупло. Ама провидни им се лагите. Македонија пак ќе победи. Да живее Македонија. Ќе се вратам за четири години – рече Ѕинго.

После него на сцената се качи Антонио Милошоски, кој во моментов чита од Програмата на партијата и најавува автопати, игралишта, затворени базени и стадиони.

Поврзани новости