Зинедин Зидан е главниот кандидат за нов тренер на Баерн Минхен, пренесува „Мундо Депортиво“.
Гигантот од Минхен неодамна објави дека на лето ќе се раздели со Томас Тухел и е во потрага по нов шеф на стручниот штаб.
После тоа, клубот водеше сериозни преговори со Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, но брзо стана јасно дека нема ништо од нивното доаѓање.
Првиот реши да остане во Баер Леверкузен по освоената титула, а вториот го продолжи договорот со Германскиот фудбалски сојуз и ќе остане селектор на таа земја.
Не се малку личности кои имаат капацитет да работат во Баерн, кој ја имаше најнеуспешната сезона во последната деценија.
Оној кој секако има квалитет да биде наследник на Тухел е Зидан. Споменатите шпански медиуми пренесуваат дека преговорите на Баерн со фудбалската легенда се во напредна фаза, но се уште ништо не е потпишано.
Не се очекува пред крајот на сезоната Баварците официјално да соопштат кој ќе им биде нов тренер.
По богатата играчка кариера, Зинедин Зидан како тренер работеше само во Реал Мадрид и тоа во два наврати.
Првиот пат од 2016 до 2018 година, а потоа од 2019 до 2021 година. За тоа време успеа да освои бројни трофеи, две шпански првенства, шпанскиот Суперкуп, три ЛШ…