Зимата ќе ја дочекаат во топло: Семејството кое живееше под мост во Аеродром, се всели во привремен дом!

by Fokus

Тричленото семејство кое живееше под мост во општина Аеродром без никакви услови за живот, конечно најде нов, привремен дом.

Благодарение на хуманитарната организација „Свети Спас“ и отецот Оливер Петровски од Скопје, семејството се всели во куќа во главниот град и како што ни пренесоа, тие се пресреќни што ќе имаат кров над главата.

Како што ги информирале луѓето од хуманитарната организација, укината им била и социјалната помош, а од „Свети Спас“ најавија дека уште во понеделник ќе биде поднесена жалба, со надеж дека ќе ја уважат.

Сопругата од тричленото семејство имала мозочен удар и останала неподвижна, а за неа се грижел сопругот, додека пак синот морал да собира пластични шишиња за да преживеат.

Од хуманитарната организација најавија дека ќе се обидат да го вработат синот и ги повикаа надлежните институции данајдат решение за семејството да добие постојан дом.

Фотографија – Хуманитарна организација „Свети Спас“.

Ј.Ц.

Поврзани новости