Љупчо Зиков вечерва соопшти дека се откажува од понудената позиција финансов директор на МЕПСО поради сите, како што напиша, зли мисли, клетви и закани што ги добивал.
-Затоа решив да ја вратам назад поканата и да се заблагодарам. Јас не сакам мојот избор на било каков начин да и настети на имиџот на оваа Влада во чија програма и Премиер силно верувам … И како несомнено докажан професионалец и на сопстствен и на бизнис план силно ги подржувам. Оттука, му благодарам на премиерот и вицепремиерот за економија на укажаната доверба. Ајде друг пат.
Потполно сум свесен дека цената сто се плаќа при прифаќање на ваква функција е висока! Јас бев решен да ја плаќам континуирано низ месеците и годините нанапред, силно посветен на остварување на визијата и мисијата на компанијата и владата со целото мое знаење, посветеност и професионалност. Но, не можам таа цена да ја плаќам усте невлезен во зградата на Мепсо. Тоа едноставно не е фер. Затоа “идемо даље” … светот нити почнал нити ке заврши со Мепсо. Еве го местото е слободно ајде колете се да го земете, напиша Зиков на својот Фејсбук профил.
Својата објава Зиков ја завршува со зборовите:
-Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го покажаа своето вистинско жално лице … Ним средниот прст!