217
Зијадин Села ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник на Струга, објавија дел од медиумите на албански јазик.
Според информациите кои засега се неофицијални, Села на овие локални избори ќе се обиде по третпат да стане градоначалник на Струга.
Досега е најавена независна кандидатура за струшки градоначалник на бизнисменот Менди Ќира, поддржана од коалицијата ВРЕДИ.
Заменик-премиерот и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ – Арбен Фетаи неодамна во Струга го предизвика својот екс партиски колега, Зијадин Села.
„Зијадин, бујрум мери се со Менди Ќира и да видиме во октомври кој ќе ја освои Струга!“, изјави тогаш Фетаи.
Тој ги обвини Села и Таравари дека се обидуваат да го вратат Али Ахмети на власт преку тајни договори.