Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села одговори позитивно на иницијативата на невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка“ со потпишување на декларацијата за развој на Попова Шапка. Меѓу барањата поднесени од невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка“, беше и одземање на надлежностите од Елем Турс и пренесување на надлежностите во Општина Тетово.
Претседателот на АА ги потпиша краткорочни и долгорочните барања на невладината „Да ја спасиме Попова Шапка”.
-Анализа на досегашното непрофесионално и неефикасно управување со Попова Шапка. Инвестиции во патна инфраструктура, центар за рекреација и соседство на планинските куќи. Уништување на дивоградби и спроведување на Деталниот урбанистички план, се дел од краткорочните барања потпишани од Села.
Долгорочните барања на кои потпис стави Села се создавање можности за обезбедување на туристички центар на приватни инвеститори, изградба на жичарница Тетово-Попова Шапка, инсталација на систем за вештачки снег, проширување на туристичкиот центар кон северните терени (кон Јелак) како и кон делот над планината Боговиње, вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки кои ја одредуваат судбината на Попова Шапка.