Судот му одреди притвор на Владимир Панчевски

by fokus

Велешкиот суд денеска му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Оваа информација прва ја објави Коалицијата Сите за правично судење. Притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.

Панчевски денеска не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител. Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почна наесен, но досега овој судски процес се уште не е започнат со главна расправа.

Поврзани новости