Зијадин Села бил изнесен од Собрание маскиран како полицаец

by Fokus

Зијадин Села на денешното рочиште за насилството што се случи на 27 април во Собранието, освен нападот, пред судот го појасни и моментот кога се освестил, но и како бил изнесен од Собранието.

– Се освестив во соба 334 во Собранието. Собата беше темна, а јас бев под бирото. Абдул Фета, вработен во собрание беше со мене и ми се претстави, а со него беше и друго лице. Фета ми кажа дека телефонот постојано ми звони и го земав и се јавив на сопругата и и кажав дека сум жив. Тогаш влегоа полицајци во цивилка. Ми облекоа дуксер и ми дадоа полициска значка, буквално ме маскираа. Ме изнесуваа викајќи повреден полицаец, повреден полицаец, рече Села.

В.В.

Поврзани новости