338
Пратеникот, Зијадин Села, рече дека во моментот кога клечел на колена напаѓачите го удирале од секаде и извикувале „Убиј го!“. Одговарајќи на прашање од обвинителот, тој рече дека не се сеќава на ликовите на напаѓачите.
-Ова треба да го утврди истрагата. Не е можно од сите напади да има снимка, само од мојот напад да нема. Не е можно при толку телефони мојот напад да не бил снимен – рече Села.