Заев: Христовото Воскресение да ни го воскресне нашиот заеднички слободарски дом

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до граѓаните по повод празникот Велигден во која вели дека време е да ги разбудиме верата, надежта и љубовта и да ги отвориме портите на нашите срца и души за богољубие и човекољубие.

-Велигден, тој празник над празниците, нека донесе во сите Ваши домови и семејства здравје, среќа, радост, благосостојба и хармонија, и нека ни ја прочисти љубовта кон Севишниот.
Да си посакаме сите, Христовото Воскресение да ни ги воскресне насмевките, да ни ја воскресне надежта во поубаво утре и да ни го воскресне нашиот заеднички слободарски дом, домот на вредните и праведните, стои во честитката на Заев.

Поврзани новости