Германските медиуми веднаш излегоа со натписи по интервјуто на шефот на државата Ѓорѓе Иванов за таблоидот „Билд“, пренесува Дојче Веле на македонски јазик. Според Зиддојче Цајтунг, Иванов се обидел да ја искористи позицијата на својата држава во бегалската криза и да обвини дека неговата земја „отсекогаш била жртва на институциите на ЕУ“
– Оттука, анти-ЕУ тирадата на македонскиот претседател повеќе треба да се смета за потег наменет за домашната политичка сцена, отколку како отфрлање на Брисел. Претседателот Иванов е близок до владејачката партија на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во јануари мораше да се повлече по обвинувањата за корупција. Внатрешнополитички, Иванов на Груевски може да му помогне само доколку очајната економска состојба во земјата ја поврзува со бегалскиот бран и наводниот недостаток на помош од ЕУ. Всушност пред еден месец ЕУ на Скопје му вети помош од 10 милиони евра за поддршка во менаџирањето на бегалската криза – пишува Зиддојче цајтунг.