Зибери: Трајковски и Имери оставија наследство преточено во Охридскиот договор

by Frosina Fakova

Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на партијата за Демократски просперитет, Имер Имери и оддаде почит за нивниот придонес.

-Оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и до преамбулата на Уставот како еден од клучните столбови на која се гради земјата, посочи Зибери.

Поврзани новости