519
Отчитувањето на броилата, односно уредите, да стане обврска операторот да ги отчитува најмалку квартално, што значи четирипати во годината, а по потреба и почесто, изјави денеска народниот правобранител Насер Зибери, по средбата со претседателот на Регулаторната комисија и водни услуги, Марко Бислимовски.
„Сметаме дека отчитувањето на броилата четирипати годишно ќе придонесе во насока на тоа граѓаните да не добиваат постојано фактурирани сметки без увид во реалната состојба на струјомерите и реалната потрошена еелектрична енергија“, додаде Зибери.
Според сегашната регулатива, обврската за читање на струјомерите е еднаш годишно, а Бислимовски рече дека за размислување е ставена и опцијата за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати.