Зибери на Фејсбук: Не сум позитивен на Ковид-19

by Frosina Fakova

Насер Зибери, кандидатот за премиер на една политичка партија на Фејсбук објави дека не е позитивен на Ковид-19 и дека против него се води црна кампања.

– Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користете вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што не ве вреднува. Јас не сум позитивен во ковид-19 и утре во 10:00 часот ќе го искористам своето право на глас и ве повикувам сите да гласате и да не станете жртви на злонамерна пропаганда. Им посакувам здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени, напиша Зибери на својот Фејсбук профил.

Зибери ја соопшти информацијата неколку часа откако излезе веста дека кандидатот за премиер е позитивен на новиот Ковид -19.

Поврзани новости