Пациент од Кичево заразен со корона починал на пат кон Инфективна во Скопје

by Frosina Fakova
Во последните 24 часа починале четири лица заразени со Ковид-19, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево, соопштуваат од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години.
Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во Општата болница Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст, а во тетовската болница починал пациент на возраст од 72 години.

Поврзани новости