Зибери: Гласав од посебна кабина зошто не се чувствував добро, не сум направил тест за да знам дали сум позитивен на Ковид-19

by fokus

Пратеникот Арбен Зибери, откако синоќа гласаше за новата влада од посебна просторија во Собранието, изолиран од другите пратеници, денеска се огласи во јавноста. Тој појаснува дека не се чувствувал добро, но се уште не знае дали е заразен со корона вирусот.

-Би сакал да ве известам за дилемите што се шират вчера во моментот кога требаше да присуствувам на Собранието на Северна Македонија на состанокот предвиден да гласам за формирање на Влада.
Од утрото не се чувствував добро и за да не го загрозувам здравјето на другите, во соработка со претседателот на Собранието како и со колегите, решив да гласам согласно протоколите или сам во кабината, без никаков контакт со другите, вели Зибери.

Тој додава дека се уште не направил тест за да знае дали е заразен со корона вирусот.

-Јас не го направив тестот за да разберам дали сум ПОЗИТИВЕН на „Ковид-19“, затоа ги молам медиумите и порталите не манипулираат.
Здравје на сите!, напиша Зибери.

„Фокус“ синоќа објави дека пратеникот Зибери гласал од посебна просторија, а тој во телефонски разговор ни посочи дека не е заразен со вирусот.

Поврзани новости