Зибери: Да ја вратиме довербата во владеење на правото преку ветинг

by Фокус

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери вечер од Куманово изјави дека се залага за суштински реформи во државата.

-Вистински реформи за да ги надминеме проблемите. Реформите нема да бидат само на хартија, туку ќе значат подобар живот за сите – рече Зибери.

Според него, многу значајно е решавањето на проблемите околу владеење на правото и борба против корупцијата.

– Мора да ја вратиме довербата на граѓаните во однос на владеење на правото, дека законот еднакво важи за сите, а тоа ќе можеме со еден инструмент кој се применува и дава резултати. Ние нема да откриеме ништо ново, ветинг и ветинг – порача Зибери.

Поврзани новости