Журнал: Командант Хоџа станал советник за безбедност во кабинетот на Заев

by Фокус

Поранешниот пратеник Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа од воениот конфликт во 2001 година, станал советник за безбедност во кабинетот на премиерот Зоран Заев, објави порталот Журнал.

Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, кога ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново, кои беа извлечени во меѓународна интервенција.

По конфликтот, тој стана републички пратеник, меѓутоа неговата политичка кариера брзо згасна, бидејќи беше во лоши односи со ДУИ и Али Ахмети.

Во годините што следуваат, неговото име се споменуваше во контекст дека го држи под контрола родното село Танушевци, не доволувајќи да се воспостави уставно-правен поредок.

На социјалните мрежи веќе циркулира фотографија како тој излегува од владината зграда на Илинденска, но се уште нема официјална потврда за неговиот ангажман.

Поврзани новости