Жугиќ побара оставка од Петре Шилегов

by fokus

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и актерка, Јелена Жугиќ, денеска побара оставка од градоначалникот Петре Шилегов.

„Заев го измете Петре Шилегов од својот двор, но проблемот е депонијата надвор од дворот. Најнеспособниот градоначалник Шилегов доби метла од партиските кругови, но проблемот е неговата неработа како градоначалник. Граѓаните немаат интерес од потпретседателот Шилегов, туку проблемот е градоначалникот Шилегов. Добро е што неговата партија призна дека тој е неуспешен, сега на ред е оставка како градоначалник – истакна Жугиќ.

Според неа, Шилегов треба да добие „метла“ како градоначалник затоа што паркингот е поскап, затоа што воздухот е се уште загаден, затоа што ги навредил членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Недавањето на оставка на Петре Шилегов ќе докаже дека операцијата метла е само сеење на магла и однапред договорена операција за спас на нивните пропаднати политичките кариери –  додаде Жугиќ.

Поврзани новости