Жугиќ: Партиски активисти и криминалци се ставени во управните одбори на јавните претпријатија

by Fokus

Над 100 лица кои се именувани за членови во Управни одбори во јавните претпријатија се партиски активисти на СДСМ обвинети за кривични дела, изјави Јелена Жугиќ, советничка во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов и Јанчева се ставаат над законот. Тие не демантираат. Законите не важат за сите. Шилегов ветуваше транспарентни и одговорни институции. Ги немаме истите. На седницата нема дискусија за овој скандалозен чин. Немаме докази, но имаме сомнеж. Ви фрлам ракавица да истражите кои се тие луѓе, а не да поставувате потпрашања. Треба да бидете на страна на граѓаните – истакна Жугиќ.

 

Поврзани новости