Обвинителство за случајот во Кочани: Таткото во самоодбрана го избодел синот

by fokus

По настанот во Кочани, каде по семејна расправија, татко го избоде својот 38-годишен син, од Основното јавно обвинителство информираат дека таткото го сторил делото во самоодбрана. Исто така, додаваат од таму, утврдено е дека 78-годишен кочанчанец бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,54 промили алкохол во крвта.

„Издадени се и наредби за проверка на крвта и на повредениот поради постоење на индиции дека и тој бил во алкохолизирана состојба  кога се случил настанот“, велат од обвинителство.

Според првичните сознанија, додаваат од таму, на нападот претходела расправија која веќе подолго време во континуитет се одвивала во семејниот дом.

„Сторителот е лишен од слобода и се наоѓа во Полициската станица во Кочани, а повредениот е однесен во Хируршкото одделение во Кочани каде му е пружена медицинска помош. Со цел да се утврдат фактите во предметот, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од местото на настанот. Подигнат е и ножот со кој веројатно е извршен нападот и истиот е даден на натамошно вештачење“, додаваат од ОЈО.

 

Поврзани новости