Жртвите биле убиени кај Смиљковското Езеро, не на друга локација, тврди обвинителката Фетаи

by fokus

Во завршниот збор на обвинителката Фатиме Фетаи, за случајот „Монструм“, таа ја отфрли и шпекулацијата дека четирите момчињата и рибарот наводно биле убиени на друга локација, па потоа биле донесени кај Смиљковското Езеро.

Обвинителката појасни дека сите докази најдени кај Смиљковското Езеро укажува дека масакарот се случил токму таму, образложувајќи ги пронајдените траги, односно локвите од крв. Исто така за тоа сведочеле и пронајдените чаури и проектили.

-И според науката и според објективните докази најдени на местото на настанот, се укажува дека петкратното убиство се случило на местото каде што беа и пронајдени телата, се останато е научна фантастика, истакна обвинителката Фетаи.

Таа прецизно појаснуваше каде се точно биле пронајдени чаурите, од кои и дел под телата на убиените.  Исто така ги посочи и ваштечењта кои го потврдуваат ова тврдење, образложувајќи во детали во каква положба биле пронајдени тела, од која близина било пукано и со какво оружје.

Претходно обвинителката ја урна и шпекулацијата дека наводно возилото „опел омега“ со кое се возеле извршителите на петкратното убиство било на „Алфите“.

Завршните зборови се во тек.

В.В.

 

 

Поврзани новости