Угостителите бараат од Битиќи конкретен термин за средба

by Фокус

Наместо како одговор да добиваме „ќе” видиме и „ќе” разговараме, го замолуваме вицепремиерот Битиќи итно да го прецизира терминот за работна средба доколку навистина Владата има сериозни намери со петтиот сет мерки да донесе мерки за разумна помош и поддршка за угостителската индустрија во рамки на возможното, бараат од Независната угостителска комора по вчера изнесениот став на Битиќи дека дека е отворен за комуникација со секого, но, како што рече, во овие тешки времиња сите треба да бидат разумни во очекувањата и можностите.

„Согласно функцијата која ја врши, треба да знае дека НУК е неполитичка организација и Комора од ист ранг како Стопанската Комора на Македонија и сите останати комори, формирана од реномирани и признати угостители од целата земја, согласно Законот за стопански комори. Со Законот за стопански комори обврска на секоја основана комора согласно член 2 е унапредување на стручните и деловни обичаи и норми, како и за застапување и заштита на интересите, стопанските субјекти на територијата на Република Македонија. Согласно член 3 од истиот закон Комората е независна и самостојна организација со својство на правно лице“, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифвоски.

Тој напоменува и дека во моментов Независната угостителска комора е единствената специјализирана, неполитичка, непрофитна, еснафска и самостојна организација формирана од реномирани угостителски објекти со една единствена цел заштита на угостителската индустрија и унапредување на работењето на угостителите.

„Доколку Владата односно ресорното и одговорно Министерство за економија има потреба од поддршка и помош од комората во идната работа за унапредување на угостителската индустрија на Независната угостителска комора согласно член 28 од Законот за стопански комори може во кој било момент да пренесе и јавни овластувања утврдени со закон и на начин утврден со статутот“, вели Јосифовски, образложувајќи ги законски утврдените активности на работење на НУК.

Поврзани новости