На кочанчанецот Благојче Дончев од кочанската болница му кажале дека неговата жена починала.
Тој почнал да организира погреб, но кога тој заедно со операторот дошол да го земе телото, открил дека мајка му е жива и лежи на Интерното одделение, пренесува ТВ 24.
Дончев вели дека оние што му ја соопштиле веста му рекле и кој погребен оператор да го повика, но тој ги одбил и се јавил на друг.
Од кочанската болница велат дека знаат за случајот и по нивната интерна истрага повикана е полицијата, која започнала своја истрага за да утврди кој му се јавил на Дончев.
„Во тек е истрага за случајот. Претпладнево вработени во болницата се повикани да дадат исказ во полициска станица. Истрагата треба да ги открие виновниците“, вели Александар Серафимов, директор на Општа болница – Кочани.