529
Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите од оваа општина ќе решаваат за иднината на рудникот „Казандол“. Граѓаните ќе се произнесат дали се за или против продолжување со работа на овој рудник и дали се за или против отворање рудници за металични минерални суровини на територијата на општината.
Референдумот е по иницијатива на граѓанското здружение „Спас за Валандово“ од каде велат дека отворањето на рударски комплекс би било погубно за здравјето и животната средина во оваа општина.
За референдумот да биде успешен треба да излезат најмалку 5.200 жители со право на глас. Претходно, преку референдум за изградба на нови рудници се изјаснија и жителите на Богданци, Дојран и Гевгелија.