Тетовчани го донесоа ѓубрето пред врата на Општината

by fokus

Од депонијата во Тетово утринава се крева чад по вчерашниот пожар кој го зафати отпадот. Тетовчани кои живеат во близина се жалат дека и денеска смрдеата е неподнослива, не помагаат ниту затворените прозори и врати поради што дел од нив се решаваат привремено да ги напуштат домовите.

Револтирани граѓани утринава истурија ѓубре пред Општина Тетово за да им укажат на локалните власти на сериозниот проблем со кој се соочуваат. Незадоволни од тоа како Општината се справува со депонијата жители на Тетово денеска ќе излезат на протест. Протестот ќе започне во 13.00 часот на градскиот плоштад, а потоа граѓаните ќе се придвижат кон Општината каде ќе упатат пораки до градоначалничката, Теута Арифи.

Граѓани од Тетово велат дека пожарот тлеел до вечерните часови, иако попладнето од Општината изјавија дека е ставен под контрола.

Поврзани новости