705
Жителите на Тафталиџе утрово апелираат преку социјалните мрежи и бараат помош од граѓаните и од медиумите во обид да се спречи уништувањето на оваа зелена површина. Утрово со багери и полиција се соочиле жителите на оваа скопска населба, сакајќи локалната власт на тој начин да ја започне изградбата на веќе предвидената зграда.
Жителите веќе неколку недели се организираат во обид да го заштитат малото детско игралиште и паркот, па дури и децата правеа свои транспаренти и бараа да не им се уништува единствениот парк во кој си играат.
„Паркот не го даваме“, порачуваат тие.
Според урбанистичкиот план на оваа локација планирана е изградба на станбена зграда, а инвеститор е државното акционерско друштво за станбен и деловен простор.