Жителите на Леуново не можат да стигнат до гробиштата поради градежни активности

by fokus

Жителите на село Леуново на средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски побарале помош, бидејќи не можат да стигнат до старите селски гробишта поради градежните активности во комплексот „Радика“.

По оваа средба, директорот Сотировски испратил барање до Општина Маврово и Ростуше итно да провери и да преземе се што е потребно за се овозможни непречен и постојан пристап до гробиштата.

Барањето од Сотировски до Општина Маврово и Ростуше

Поврзани новости