558
Жителите на скопското село Кучково денеска го блокираа патот кој води до селото за да го свртат вниманието на јавноста кон несериозниот пристап на локалните власти во Ѓорче Петров за наоѓање на решение за проблемот кој го има ова село со водата за пиење.
Тие велат дека локалните власти уште минатиот октомври лани им ветиле дека до ова лето ќе имаат вода, но до такво нешто не е дојдено.
Пред неколку дена во селото имаше голем пожар од спој на кабли,а жителите велат дека на вака високи температури следниот пат можно е цело село да изгори.