Пожарот кај Будинарци ставен под контрола, гори уште на неколку места во земјава

by Fokus

Противпожарни тимови на Австрија, Словенија и Бугарија попладнево интервенираа заедно во пожарот во Будинарци и истиот го ставија под контрола.

Пожарот во атарот на Делчевско е активен, а пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место.

Пожарот кај селата Тработивиште и Нов Истевник на патот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат четворица вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.

 

 

Поврзани новости