453
Граѓани го блокираа булеварот Партизански одреди поради револтот од урбанистичките планови за Тафталиџе и Карпош 3. Жителите на Карпош во 12 часот под мотото „Да го спасиме Карпош. Излези и спротивстави се на дебармаализацијата на Карпош“, се собраа кај раскрсницата пред „Сити Мол“.
Како што рекоа жителите на Карпош, протестот е одговор на одбивањето на градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги повлече, односно да ги стопира посочените ДУП-ови.
Ставот на градоначалникот Јакимовски е дека овие планови биле во интерес на граѓаните и поради тоа нема намера да ги повлече.