Жители на Тетово фатиле корона од роднини и пријатели кои им доаѓале на гости

by Фокус

Кризниот штаб при општина Тетово соопшти дека од здравствените установи добиле информација дека големиот број новозаболени се луѓе кои воопшто не излегувале од своите домови, а Ковид-19 добиле од гости кои дошле кај нив.

Бројките во последните денови за жал упатуваат на постојан пораст на бројот на заразени лица со КОВИД 19 во општина Тетово и околината. Ова во голема мерка се однесува на непочитување на заштитните мерки, односно не користење на заштитни маски и одржување на физичко растојание. Исто така, имаме случаи на луѓе кои не ги напуштиле своите домови, но биле заразени со Ковид-19, што значи дека вирусот им е донесен од страна, како резултат на посети во нивните домови од членовите на семејството и нивните пријатели. Затоа, апелираме да се намали бројот  на непотребните посети и поголеми групирања во домови и затворени простории“, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Досега, во Тетово и околните општини се регистрирани четири нови случаи со Ковид19, со што вкупниот број на дијагностицирани е 147.

Поврзани новости